Порше ѝ нуди предизвик на Тесла за сите пари. Германскиот автомобилски производител во понеделник за време на авто-саемот во Франкфурт, на светот му го покажа своето прво возило целосно на електричен погон. Концептниот автомобил, Порше Мисија Е има способност да достигне од 0 до 100 километри на час за помалку од 3.5 секунди, има погонски систем од 800 волти и батерија која се полни до 80 отсто капацитет за петнаесет минути кое, како што се истакнува, е побрзо од суперполначот на Тесла. Со целосно наполнета батерија од 800 волти, Мисија Е може да патува повеќе од 500 километри или 400 километри по петнаесет минути полнење.
Многу концептни автомобили остануваат само тоа – концепт. Но Порше очекува својот автомобил да го пушти во продажба за пет години, како што звестува Ју-Ес-Еј Тудеј.
Внатрешноста на автомобилот исто така е опремена со најсовремена технологија, вклучувајќи систем за детекција на насоченост на погледот, закривена OLED контролна табла која се прилагодува според положбата на седиштето на возачот, како можност да се детектира расположението на возачот со помош на камера монтирана на ретровизорот. (Мисија Е го отсликува расположението преку прикажување на емотикон на контролната табла).
„Многу пати бевме запрашани – а зошто не автомобил целосно на батерија?“ изјавува Волфганг Хац, глобланиот директор за истражување и развој на Порше. „Кажавме дека ќе се случи кога навистина ќе испорача изведба, сигурност и соодветен возен опсег. Сега е вистинското време за тоа.“
Иако Порше не ја открива цената и други детали, Хац за весниците изјави дека Мисија Е е „многу близу“ до добивањето одобрение за масовно производство.
Ентузијастите за еко спортски автомобили можат да очекуваат да си бркнат малку подлабоко во џебот, бидејќи „Порше секогаш вреди за својата цена“, како што најавува тој.