Анорексијата е нарушување кое уништува безброј животи. Колку и да е поразително, едно е сосема сигурно, оваа болест може да се победи со вистинскиот третман и нега. Ако ви треба пример за тоа, 22-годишната Меган Џејн порано била анорексична.
На четиринаесет години тежела само 31 килограм. Кога болеста напреднала, морала да биде хоспитализирана и да биде хранета со инфузија, бидејќи била многу слаба и ранлива. Но, на крајот ја победила болеста и сега го покажува своето тело на Инстаграм. Се надева дека нејзината приказна ќе инспирира и други да го започнат својот пат до закрепнувањето.