Жена којашто била држена како секс робинка од милитантната терористичка група опиша како таа и другите млади жени биле присилувани да се молат пред да бидат силувани. 21-годишната Надја Мурад, којашто била меѓу повеќе од 5000 жени од народот Јазиди заробени од ИСИС. Таа проговори за ужасите кои ги доживеала во рацете на терористите, кои ги купувале и продавале како „сабиа“, т.е. робови.

zn01

Обраќајќи им се на студентите во универзитет во Каиро, таа опишала како милитантите „ги присилуваа заробеничките да се молат и потоа нѐ силуваа. Бевме помалку вредни и од животни. Силуваа девојки во групи. Правеа нешта коишто умот не може ни да ги замисли“.

За време на нејзината посета на Египет, Мурад се сретнала со претседателот Абдел Фатах ел-Сиси и побарала исламскиот свет треба да заземе цврст став против ИСИС.

„Тие силуваат и извршуваат геноциди во името на исламот“, изјавила таа. Мурад претходно сведочеше во седиштето на ОН во Њујорк, со цел да ја крене свеста за положбата во која се наоѓа народот во Ирак и Сирија.

zn02

Таа опишала како пред две години била студентка која живеела во селото Кочо во северен Ирак, кога терористите ги собрале сите Јазиди, убивајќи 312 луѓе за еден час, а младите жени ги одвеле во ропство. Откако биле одведени во Мосул, Мурад и другите биле држани три дена пред да бидат „поделени“ помеѓу милитантите. Некои жени се убиле себеси, но Мурад никогаш не помислувала такво нешто. „Не сакав да се убијам – но посакував тие да ме убијат.“

Била одведена како робинка кај човек кој имал жена и ќерка, коишто Мурад никогаш не ги сретнала, и цело време била држана во една просторија. По еден неуспешен обид за бегство, била претепана и силувана од шест милитанти како еден вид казна. „Тие продолжуваа да го злоставуваат моето тело додека не се онесвестив“, вели таа.

Мурад успешно избегала во ноември 2014, по три месеци злоставувања и измачувања, и преку камп за бегалци успеала да добие азил во Штутгарт.

Сподели на Facebook
пати видено