Џони Класпер од Јоркшир, Велика Британија, е поранешен ѕидар кој прераснал во етаблиран градител отфрлајќи ја идејата за еден правец. Тој камењата и карпите ги претвора во сѐ, од внатрешни дворови до иновативни скулптури и пленувачки мозаици. 38-годишниот Класпер уште од мала возраст ги сакал практичните предмети како грнчарство, дрводелство и металостругарство, за на крајот на колеџ да се посвети на ѕидарството. „Најпосле нешто што навистина сакм да го научам и што сакав да го работам“, вели тој. „Мојата страст кон камењата ме носи во многу различни правци, бидејќи јас ги отфрлам сите ограничувања за мојата работа и останувам страстен во работата што ја работам. Ако каменот се оживее, можеби би можел да стане течен и да тече како вода?“ – се прашува тој на својата веб страница. Уживајте во неговите дела.