Пол Хелиер, кој ги надгледуваше канадските одбранбени сили во 1960-тите, излезе и рече дека илуминатите се вистински ентитет и го контролираат светот, што го прави највисокиот државен функционер во светот кој го изјавил тоа.

Пол изјавил дека елитата има технологија за да ги смени ефектите од климатските промени, но истата се крие од јавноста. На прашањето зошто, Хелиер рекол дека Илуминатите сакале да и помогнат на нафтената индустрија. Илуминатите се група за која теоретичарите за заговор тврдат ги контролира работите и економијата во светот, а нејзините членови доаѓаат од световите на политиката, бизнисот и забавата. Според Хелиер, многу членови на Илуминатите имаат удел во тоа колку добро нафтената индустрија функционира финансиски.

„Имате тајна кабала која всушност управува со светот и тие успеаја да ја задржат оваа технологија под закрила додека незаработат во трилиони нафтени средства што ги имаат. И тоа нема да се промени се додека стотици илјади луѓе се здружат и не кажат ‘мора да излезете, мора да ни кажете што се случува и да ги промените своите приоритети за да го спасиме светот за натамошните генерации, наместо да го разнесеме со војни.’“, вели Пол.

Хелиер е познат по тоа што прави некои прилично страшни тврдења. Претходно, тој изјави дека САД интервенирале да го преземат местото на несреќа на вселенско летало, во канадската провинција Манитоба. Овие вонземјани се извор на технологијата против климатските промени, тврди Хелиер.

Тој исто така вели дека во очите на овие вонземјани луѓето се примитивна форма на живот и дека можат да им помогнат на луѓето кога ќе имаат потреба во иднината. „Секако тие се понапредни во земјоделството и медицината и многу други области и ако тоа е точно, зошто не соработуваме со нив за да изградиме подобар свет?“, вели Хелиер.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено