Најверојатно не сте знаеле дека на добар крадец му се потребни само 20 секунди за да го ограби вашиот автомобил или да го украде самиот автомобил. Според поранешниот крадец, тој и неговите партнери морале да дејствуваат многу брзо, бидејќи имале на ум дека од моментот кога ќе скршеле нечиј прозорец, некој во близина веќе повикал полиција.
Нивната цел не биле само автомобили кои биле паркирани долго време, туку и автомобили чии сопственици излегле на кратко да завршат некоја работа. Нивното темпо било толку брзо што апсолутно никој не бил безбеден.
1. Ставете ги највредните работи во багажникот.
Крадците имаат малку време да ја вршат својата работа што речиси никогаш не го отвораат багажникот. Затоа, би било навистина мудро да складирате вредни предмети таму, како куфери, палто или дури и вашата чанта.
2. Секогаш паркирајте каде што има светла наоколу.
Поранешниот крадец вели дека тој и неговите партнери никогаш не ограбувале автомобили што биле паркирани во добро осветлени простори, туку само во оние што биле паркирани некаде во мракот.
3. Отстранете ја маската на вашето радио.
Некои крадци имаат за цел да го украдат радиото од автомобилот. Отстранете го предниот дел и ставете го некаде во автомобилот. Кога ќе видат дека недостасува, нема да имаат време да го пребаруваат автомобилот и ќе си заминат.
4. Скријте ги вашите скапоцености под вашето седиште.
Повеќето крадци првин ќе погледнат дали имате нешто вредно во автомобилот пред да го ограбат. Тие нема да ризикуваат да бидат фатени само за да видат дали криете нешто вредно под вашето седиште.
5. Затемнетите прозорци може да помогнат ако возите убав автомобил.
Затемнети прозорци се поврзуваат со големи и скапи автомобили, но тоа не е само прашање на одржување на работите да бидат кул и стилски. Овие прозорци можат да спречат крадец да пробие во вашиот автомобил, бидејќи тие нема да можат да видат што има внатре. Ризикот е премногу голем и едноставно немаат време.
6. Проверете дали имате инсталирано GPS на вашиот автомобил.
Оваа мерка може да биде насочена само кон многу богатите луѓе, кои имаат исклучително скап автомобил. Понекогаш професионалните крадци ќе сакаат да ја следат вашата дневна рутина за одреден временски период за да видат кога и каде е најдобро време за да го украдат вашиот автомобил.
7. Никогаш не оставајте документи со вашите лични податоци во вашиот автомобил.
Доколку крадецот ги најде вашите документи во автомобилот можеби ќе одлучи и да го посети вашиот дом, наредниот пат кога нема да сте дома.
8. Рекламирајте го безбедносниот систем на вашиот автомобил.
Дури и да немате аларм на автомобило сепак ставете налепница, за да ги заплашите крадците.
9. Некои марки на автомобили почесто се на мета на крадците.
На пример, во 2016 година, 16.732 модели на Toyota Camry биле украдени само во САД.
10. Никогаш не чувајте резервни клучеви во автомобилот.
Некои луѓе сакаат да чуваат резервен сет на клучеви во нивниот автомобил, кои се или од нивниот автомобил или од нивната куќа. На овој начин му го „подарувате“ автомобилот на крадецот.
11. Поставете светло кое се активира на движење пред вашата куќа.
Вистина е дека вашата сметка за електрична енергија ќе биде малку повисока од вообичаеното, но овие светла навистина функционираат. Сепак, треба да бидете сигурни дека светлата се поставени на високо место, така што крадците не можат да стигнат до нив.
12. Не чувајте пари во вашиот автомобил.
Доколку ставите пари на видно место во автообилот, тоа е како покана за крадецот.