9-годишниот Џаја Елиот и неговиот татко Пол се шетале на плажата Талиа во Јужна Австралија. Тогаш на брегот забележале шише со интересна порака во него.
Пораката од 1969 година била од 13-годишно момче со името Пол Гилмор, кој штотуку се преселил од Англија во Австралија. Без сомнение, нестрплив да се дружи во својата нова земја, Пол ја дал својата нова адреса во Митхам, Викторија, барајќи од примачот да „одговори“.
Возбуден од ова неочекувано откритие, Џаја одговорил на писмото истиот ден и одлучил да го пронајде сега 63-годишниот автор на пораката во шише. Семејството на Елиот, исто така, го сподели писмото преку Фејсбук. Неверојатно е што оттогаш навистина успеале да дознаат повеќе за Пол и неговата приказна.
Возрасниот Пол моментално е на балтичко крстарење и не е свесен дека писмото што го испратил пред многу години конечно добило одговор. Сепак, неговото семејство изразило задоволство за откривањето, а неговата сестра Ени Кросленд, изјавила: „Тој ќе се стопи кога ќе дознае.“
Ени открила дека нејзиниот брат испратил 6 такви шишиња од Кока Кола и ги фрлил од бродот додека патувале со целото семејство во својот нов дом во Австралија. Братот, Дејвид и сестрата на Пол веруваат дека ги фрлил шишињата во Индискиот Океан за време на последниот дел од авантуристичкото патување на семејството.
Семејството Гилмор живеело во Австралија до 1973 година, пред да се врати во Англија. Ени и Давид ветиле дека Џаја ќе добие одговор по враќањето на Пол. Дали ова ќе биде по пошта или со шише, останува да видиме.