Лорен Чадемунху (42) вели дека контактирањето со нејзината банка преку телефон е скоро невозможно поради тоа што таа постојано се расправа за да го докаже својот идентитет.
Мајка на две деца, од Шахшингтон, Сари, тврди дека нејзиниот длабок глас е причината зошто поминува најмалку 20 минути во расправање дека таа е всушност жена пред персоналот да ѝ даде било какви информации.
Таа вели дека секогаш си имала таков глас но, порано не било проблем затоа што одела во банката лично. Откако ја затвориле локалната филијала ѝ кажале дека ќе треба да користи телефонско банкарство. Токму тогаш започнале и проблемите бидејќи вработените секогаш претпоставувале дека разговараат со маж.
Лорен, која е медицинска сестра, рече дека се чувствува „навредена“ и „понижена“ секогаш кога се случува тоа. И покрај тоа што ги имаше истите проблеми со нејзината банка околу 10 години, Лорен тврди дека никогаш не се подобрува. Секојпат кога ќе поднесе официјална жалба, персоналот ѝ кажува дека оставиле посебна белешка за вработените во врска со нејзиниот случај, но тоа не направило никаква разлика.
Конфузијата не лежи само во нејзината банка; 42-годишната жена вели дека мислад дека е маж кога се јавува да резервира маса во ресторан, кога ќе ѝ се расипе автомобилот или кога ќе побара мајстор.
Бидејќи веќе ѝ е доста од сѐ Лорен решила да си го олесни животот и да се претставува како ДЕРЕК кога не се потребни лични информации за да го скрати времето и да не објаснува дека е всушност жена. „Јас кажувам дека сум маж за да си го олеснам животот.“, вели таа.
Медицинската сестра вели дека сметката повеќе пати ѝ била блокирана поради „погрешен идентитет“. Дури еднаш отишла во друга филијала за да им докаже дека е жена, но ѝ кажале дека сепак ќе мора да се јави на вработените од другата и Лорен морала да ѝ го даде телефонот на службеничката која потврдила на другата службеничка дека пред неа стои жена, а не маж.