Со повеќе од 100 различни вкусови, Фанта е еден од најпопуларните газирани сокови во светот. Иако сега компанијата Кока-Кола е таа што го произведува брендот Фанта, популарниот сок всушност бил создаден во нацистичка Германија.
Компанијата Кока-Кола во Германија влегла во 1929 година. Реј Пауерс, американски иселеник, почнал да флашира кока-кола во Германија со напорен труд, амбиција и многу маркетинг, со што многу придонел за својата компанија. Во продолжение на четири години во Германија биле продавани 100 000 сандаци кока кола.
Во 1933 година кога Адолф Хитлер дошол на власт во Германија, Реј Пауерс се соочил со многу тешкотии поради антиамериканизмот и антикапитализмот на нацистите. Но, тој сепак успеал да ја одржи компанијата подалеку од рацете на владата, па така до 1939 годна во Германија имало 43 фабрики и повеќе од 600 локални дистрибутери. Во 1938 година Пауерс загинал во сообраќајна несреќа и бил заменет од Германецот Макс Кит, кој исто така се посветил себеси на компанијата и станал уште поуспешен од Реј Пауерс. Неговата одлична маркетиншка стратегија убедила многу луѓе во Германија дека кока-кола всушност е германски производ, повикувајќи ги германските работници „Mach doch mal Pause“ (Ајде, направете пауза). Колку широко бил прифатен овој производ во Германија говори и фактот дека компанијтата Кока-Кола била еден од главните спонзори на Берлинските олимписки игри во 1936 година, каде што Хитлер бил гордиот домаќин на нисте светски народи.
Но, со почетокот на Втората светска војна, на Макс Кит му било се потешко да го увезува сирупот кока-кола од Америка за да го произведува газираниот сок. И така на Кит му останал само еден избор, да создаде нов пијалок. Погледнал кои му се состојките на располагање, имено, практично остатоци од другите гранки на прехранбената индустрија, и така бил создаден познатиот портокалов сок. Тој дури објавил и конкурс за името на новиот сок, под слоганот „употребете ја вашата фантазија“ по што германскиот трговец Џо Книп се сетил на името Фанта.
Новиот портокалов сок бил исто толку популарен колку и кока-кола и фабриките за флаширање останале активни низ цела Германија токму благодарение на него. Всушност, до 1943 година фанта била толку популарна што биле продадени повеќе од 3 милиони сандаци во Германија и окупираните земји. Фанта станала најпопуларниот сок во Европа, при што луѓето дури го употребувале и за засладување на храната. Дури и денес Германците уживаат во тортата Fantakuchen. По завршувањето на Втората светска војна, компанијата Кока-Кола повторно го обновила производството на својот сок ширум Европа, престанувајќи со производството на фанта. Но, кога во 1960-тите компанијата Пепси почнала да се шири, компанијата Кока-Кола повторно започнала со производството на Фанта, претставувајќи го сокот и на американскиот пазар.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.