Во едно село сите биле многу побожни. Кога жените ги изневерувале своите мажи, оделе кај селскиот поп да се исповедаат, за што ја користеле лозинката:
– Дедо попе, јас се лизнав, те молам прости ми ги гревовите!
Од мажите во селото само попот и градоначалникот го знаеле значењето на лозинката. Но, една зима попот се разболел и на негово место привремено испратиле друг поп. На крајот на првиот ден, откако им ги опростил гревовите за „лизгањето“ на многу жени, попот отишол кај градоначалникот и го замолил да фрли песок на улиците, бидејќи жените цел ден се лизгале. Градоначалникот не издржал и почнал да се смее на глас, а попот му рекол:
– Ти само смеј се градоначалнику, но твојата жена нозе ќе искрши, денес три пати се лизна!