Најпрвин да започнеме со еден виц за плавуши.
Во еден мал град гостува вентрилоквист со свое шоу. Со куклата на неговото колено, тој поминува низ својот вообичаен репертоар, па така почнува и со вицовите за плавуши. Одеднаш од публиката станува една русокоса жена и започнува да вика:
„Е ми се смачи веќе од твоите глупави вицови за плавуши. Кој си ти да ги стереотипизираш жените на таков начин, што се замислуваш дека си? Каква врска има бојата на косата нејзината вредност како човечко суштество? Поради мажите како тебе жените како мене се помалку почитувани на работното место и во општеството и се спречени да го достигнат својот полн потенцијал како личност. Поради тебе и луѓето како тебе продолжува дискриминацијата не само кон русокосите, туку и кон жените воопшто, и сето тоа во името на некаков таму лош хумор!“
Засрамениот вентрилоквист почнува да пелтечи барајќи начин како да се извини, кога плавушата извикува:
„Ти господине не се мешај! Му зборам на тој мал идиот што ти седи на коленото!“
И навистина, не е убаво да се стереотипизира, било за плавуши, било за полицајци. Но понекогаш ќе налетате на вакви некои работи.
Пак ли ќе ги кршиме правилата?
ОК, барем знаеме дека е на плејбек.
Кој е бројот на 911?
Дали нешто сум мамурна, или овие скали крај немаат!?
Денес децата вака читаат.
Којзнае дали го делат и мозокот.
Граматичка грешка
Бубачките не се таму
Фотошоп? Неее!
Забележувате ли извесна повторливост кај бројките кои ги држат?
Филмовите се секогаш подобри
Без зборови