И покрај тоа што во денешно време се смета дека крвната одмазда е минато, таа сѐ уште постои, а не ретко сме слушале дека постои и на нашето поднебје. Во Чеченија дури има и посебен обред на помирување, кој ќе го видите во видеото во продолжение. Помирувањето се случи на плоштадот пред џамијата во чеченското село Геки, во присуство на стотици сведоци.

Неколку мажи водат маж во мантил, со покриена глава. Ова е Муслим Хасмиков, чувар кој во 1996 година го застрелал неговиот работодавец, Зајнди Дениев. На плоштадот има членови на семејството на убиениот човек, а во тие секунди животот на Хасмиков зависи од нив. Луѓето го опкружуваат убиецот, а помирувањето ќе се случи ако роднините на жртвата се погледнат очи в очи со убиецот.

Сподели на Facebook
пати видено