Сите знаеме колку може да биде обична и здодевна бетонската џунгла, светкави реклами и улични светилки. Во сето тоа сивило добро е доклку градот има еден или два парка за да се избега во природата. Привлечена од потребата да се врати природата во бетонот на градот, една полска уметница решила да започне шарен проект кој ќе даде неверојатни бои на една обична позадина.
Доминика Кебула е студентка на академијата за уметност во Полска. Таа вели: „Моето главно хоби е уметност, но сакам да се опкружувам и со куќни растенија бидејќи се чувствувам подобро околу природата“. Така таа ја украсила постојката за трамвај во Лоѓ, Полска со разнобојно исушено цвеќе.