Ново проучување открило дека половина од сите европски мажи се потомци на еден монарх од Бронзеното доба. Научниците не можат да утврдат точно за кој поединец се работи и каде живеел, но со анализа на секвентните разлики во Y хромозомите на 1200 мажи низ Европа е возможно да се поврзе половина од машкото население на континентот со историска личност којашто живееле пред 4 000 години.

kr

Се верува дека тој бил личност со голема моќ и влијание. Овој бронзенодопски крал употребувал напредна технологија од тоа време, како превоз на тркала за да основа благородничка династија чиишто потомци се рашириле низ цела Европа и ја населуваат до ден денешен.

„Во Европа се случило огромно зголемување на бројот на население за само неколку генерации“, вели д-р Крис Тајлер-Смит од Сенгеровиот институт. „Генетиката не може да ни каже зошто тоа се случило, но ние знаеме дека мал број елитни мажи го контролирале размножувањето и владееле со населението.“

„Половина од европското население потекнува од еден единствен маж. Можеме само да шпекулираме што точно се случило. Најдоброто објаснение е дека тоа можеби е резултат на технолошкиот напредок кој бил контролиран од мала група мажи.“

Истражувањето на овој тим се позанимавало и со првиот заеднички предок на сите современи луѓе и откриле дека сите живи луѓе денес потекнуваат од еден единствен човек кој живеел пред повеќе од 190 000 години.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено