Распнувањето е најозлогласениот древен начин на смртна казна, благодарение на неговата улога во христијанската традиција и иконографија. Измачувањето и методот на погубување со заковување на жртвата на крст или на столб биле познати по силната болка која ѝ ја причинувале на осудениот. Еве детално објаснување за тоа што всушност распнувањето им правело на луѓето, и како умирале.
Начини на распнување
Низ историјата многу различни култури практикувале распнување како најстрога казна, и тоа го правеле на различни начини. Казнага вообичаено била изведувана за да ги заплаши сведоците на ужасниот чин за да не го следат примерот на казнетиот, и често била резервирана за сторителите на тешки злосторства, како и за тие кои се побунувале против системот. Жртвите најчесто биле прицврстувани за едноставен столб или за дрво во вид на буквата Y, а не на крст како што најчесто се мисли благодарение на христијанството, а наместо приковувањето се користело и врзување со јажиња. Без разлика на различните начини, распнувањето било особено бавен и болен начин на погубување.
Крстови и шајки
Во основа, тоа се правело така што жртвата се приковувала на дрвена структура и била оставана да виси така пред сите, сѐ додека не умре, а често нејзиниот труп бил оставан да го гледаат сите и по смртта.
Местоположбата на шајките
За разлика од најчесто замислуваниот начин на распнување, жртвите ретко се приковувале низ дланките, бидејќи мекото ткиво лесно се раскинувало под тежината на телото кое виси. Наместо тоа, шајките најчесто биле заковувани во зглобовите на жртвата, кои се поцврсти.
Нозете
Местото кадешто се забивале шајките во нозете на жртвата исто така внимателно се избирало. Најчесто биле приковувани така што нивните колена да бидат свиткани под агол од 45 степени, овозможувајќи им да се потпираат на нивните нозе сѐ додека не им откажат колената. Ова го продолжувало нивното страдање, бидејќи жртвите чиишто нозе биле скршени или биле оставени да висат само на нивните раце умирале многу побрзо.
Болката во рацете
Висењето на зглобовите подолго време било многу болно искуство, при што рамењата често излегувале од зглобовите раскинувајќи ги тетивите.
Јавно понижување
Распнувањето исто така било начин на понижување на жртвата правејќи ја што е можно поранлива. На уметничките слики со Исус Христос, тој е прикажан со наметка која му ги покрива гениталиите, но всушност луѓето најчесто биле соблекувани целосно голи.
Смрт како последица на изложеност
Приковувањето на крст било болно, но раните од тоа сами по себе не можеле да предизвикаат смрт. Жртвите често преживувале со денови и умирале како последица на изложеност на различните временски услови (жега, студ) или од жед.
Хиповолемичен шок и задушување
Смртта можела да биде предизвикана и од други чинители, како губењето на крв и течност во толкава мера што срцето откажувало, но најчесто умирале од задушување, бидејќи висењето во таа положба го отежнувало дишењето.
Распнувањето кај различните култури
Иако со распнувањето најчесто се поврзуваат Римјаните, но и други цивилизации ја применувале оваа ужасна казна со свои специфични разлики. Кога во шеснаесеттиот век распнувањето било воведено во Јапонија, била додадена уште една греда за нозете, и додека висела, во жртвата биле забивани копја.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!