Оделе политичар, Индиец и Евреин. Ги стемнило и решиле да побараат засолниште во најблиската фарма.
– Нема проблем – им рекол фармерот, – но собата е само за двајца, па еден од вас ќе треба да спие во шталата.
Прв во шталата оди Индиецот. По малку чука на вратата. Политичарот и евреинот отвараат. Индиецот им објаснува:
– Во шталата има крава. Религијата ми забранува да спијам во иста просторија со свето животно.
Потоа во шталата отишол Евреинот. По малку и тој чука на вратата. Евреинот објаснува:
– Во штала има свиња. Религијата ми забранува да спијам во иста просторија со такво животно…
На крај отишол политичарот. По малку се слуша чукање на вратата.
Индиецот и Евреинот отвараат и гледаат – кравата и свињата…