Иван Сухов од градот Владимир во западниот регион на Владимирска област, Русија, вели дека сонува да има повеќе жени и најмалку 50 деца. Според рускиот закон, тој може да има само една официјална сопруга, а со него живеат уште две партнерки, кои тој ги смета за сопруги. Пред да стане полигамист, Сухов живеел со својата „легална“ сопруга Наталија Сухова 11 години.
Тој вели дека почувствувал голема желба да биде глава на големо семејство со многу жени и деца. Наталија, која работи како медицинска сестра во локалната болница, вели: „Јас првин бев против идејата. Не можев да замислам таква ситуација, но потоа сфатив дека навистина сака да има големо семејство.“ Иван моментално има 9 деца.
6 деца се од Наталија, а 3 се од Ана. Ана моментално е бремена со неговото 10-то дете. Тој вели: „Сакам да имам најмалку 50 деца, но колку повеќе толку подобро.“ Семејството живее во стан со три соби, но Сухов размислува да го продаде и да купи голема куќа во предградијата.
Сухов има посебна соба и секоја вечер повикува една од неговите сопруги да ја помине ноќта со него. „Тој нè поканува по ред.“, вели Наталија.
Иван вели дека доколку има проблем со некоја од неговите партнерки ја казнува така што ѝ забранува да има секс еден месец: „Ако една од моите жени направи нешто лошо, нема да ја поканам во кревет еден месец.“
Неодамна, тој ја прифатил жената по име Мадина да влезе во неговото семејство. Медина е муслиманка, а Иван и неговите две сопруги се православни христијани. Таа морала да оди против желбите на нејзините родители и религијата за да биде со него.
Медина вели: „Го видов на телевизија и се вљубив во него. Решив да бидам со него, без оглед на тоа што ќе кажат.“ Сухов и неговите сопруги имаат работа и добиваат плата. Според полигамистот, тие имаат доволно пари за да им овозможат на своите деца добар живот.
Сухов вели дека е подготвен да прифати повеќе жени во неговото растечко семејство, но има некои барања. „Јас сакам високи, тенки и нежни жени.“, вели Иван.