Полициската станица во Рејкјавик која се прослави со својот прекрасен профил на Инстаграм полн со прекрасни и интересни фотографии со кои е документирана нивната интеракција со локалните жители, станува уште повеќе популарна, бидејќи нивните фотографии на одличен начин покажуваат што значи да се биде полицаец во Рејкјавик.
Се разбира, нивните односи со локалните жители се можеби за нијанса посложени отколку што изгледа на фотографиите на нивниот Инстаграм, но сепак изгледаат како куп интересни луѓе.