Несреќното дете живеело како во џунгла во еден од апартманите на осмиот кат од една зграда. Соседите веќе долго време слушнале детски плач од стан на 8-миот кат, се обиделе и да тропнат на вратата за да дознаат што се случува внатре, но никој не им отворал. Во текот на последните денови плачењето станало толку силно што морале да повикаат полиција за да провери што се случува во станот.
Кога полицајците конечно ја скршиле вратата, како да влегле во пеколот и ужасот. Целиот стан бил преполн со ѓубре, а од смрдеа не можело ни да се дише. Без храна, без вода и без возрасни. Тие го пронашле само кутрото петгодишно девојче – таа самата си изградила колиба во ѓубрето. Не зборувала, а на вратот имала загноена рана.
Девојчето го однеле во болница, а каде е нејзиното семејството никој не знаел.
Неколку дена после инцидентот, полицијата објави дека ја пронашле мајката на 5-годишното девојче-Могли. 47-годишна жена од Ленинград со име Ирина Гарошенко. Полицијата објави дека сега мајката е на распит и го испитуваат нејзиното ментално здравје.
За среќа, соседите не задоцниле со реакцијата, па девојчето сега е во сигурни раце и социјалните служби нема да дозволат повторно да му се случи нешто вакво.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!