58-годишната Џенифер Хернандез е обвинета дека се обидела да влезе во седиштето на ЦИА во Вирџинија во четири одделни прилики минатата недела.

Хернандез била уапсена по нејзиниот последен обид да добие пристап до објектот. Но, што, оваа жена упорно барала во седиштето на ЦИА? Нејзините барања прилично ги насмеале вработените, се додека не станала напорна.

Џенифер постојано барала да разговара со „Агентот Пенис“. Откако првите неколку пати ја вратиле жената, последниот пат кога го побарала тоа била уапсена, но и набрзо пуштена.

Всушност Џенифер била изреволтирана затоа што не можела да си ја земе личната карта, која во тој момент наводно била во рацете на службениците.

Но, ова не бил единствениот изговор на Џенифер за да влезе во ЦИА, таа на 22 април пристигнала во објектот и на обезбедувањето му тврдела дека е тука за интервју за работа, бидејќи сака да почне да работи како агент на ЦИА.

Очигледно колегата Пенис не ѝ помногнал многу за да си ја заврши работата… 🙂

Сподели на Facebook
пати видено