22-годишно момче било измамено од полицијата во Русија, откако детективи дознале дека момчето сака да најми убиец за да се ослободи од неговите богати родители и сестрата и да го земе наследството. Момчето му „дало инстукции на убиецот“ каде и како да го убие неговото семејство. Тој дури нацртал и план, за тоа каде се наоѓаат безбедносните камери и како да се избегнат кучињата чувари.
Кога се договорил за цената со полицаецот на тајна задача. Барал да му се достават фотографии како доказ дека сите членови на неговото блиско семејство се мртви. Родителите на момчето уништени од злобната намера на нивниот син се согласиле да учествуваат во планот на полицијата и „позирале“ во фотографии каде што лежат во крв и имаат убодни рани од нож во телото.
Потоа „убиецот“ се договорил да се сретне со момчето во мерцедес за да му ги покаже фотографиите од „закланите родители“. Кога ги видело фотографиите момчето било „пресреќно“ и му дало на полицаецот околу 40.000 евра. Тогаш полицајците го уапсиле, а за време на испрашувањето момчето рекло дека „му дошло преку глава од родителите кои не го сфаќале и затоа сакал да најми убиец“.
Идентитетот на момчето не се открива, но откриено е дека неговиот татко води голема образовна институција во Сочи и е богат бизнисмен. Момчето може да добие 15 години казна затвор доколку го осудат за „најмено убиство на неговото семејство.“