Цело едно соседство во индонезискиот главен град Џакарта се издрогира, откако полицијата изгоре огромен куп од 3.3 тони марихуана. Чадот од кладата од канабис бргу се рашири врз куќите на жителите на западна Џакарта. Полицајците носеле заштитни маски, но обичните граѓани како и новинарите ја немале таа привилегија.

Еден од жителите, кој е идентификуван како Деден, кажал дека остриот мирис на марихуана бил пресилен и почнало да му се врти.

„Почна да ме боли главата бидејќи не носев маска.“

Полицијата исто така уништила и два килограми метамфетамини и 2.538 екстази пилули. На уништувањето на наркотиците присуствувале неколку претставници од собранието на Џакарта.

cannabis-1

cannabis-2

Сподели на Facebook
пати видено