Велат дека комуникацијата е клучот на среќен брак. За Пол Никсон, недостатокот на комуникација беше неговата надеж за бегство.

51-годишникот од округот Харис, Тексас, нелегално го фалсификувал потписот на својата сопруга на правните документи, во обид да го донесе бракот до крај, без да зборува за тоа.

Полицајците од округот Харис се обидуваат да го пронајдат Никсон, затоа што тој се соочува со сериозни обвиненија за кривично дело. Неговата сопруга стапила во контакт со полицијата на 14 мај годинава за да пријави дека нејзиниот сопруг незаконски поднел барање за развод – дури и добил конечна одлука за развод – измама без нејзино знаење.

ПАрот бил во брак неколку години, додека не биле пронајдени документите со фалсификуваниот потпис на сопругата на Никсон. Никсон ги поднел документите за развод на 15 февруари – ден по Денот на вљубените. Поради измамата направена за разводот тие технички се сѐ уште во брак и планот на Пол не успеал.

Пол е во бегство од 18 септември и сѐ уште нема трага од него, но полицијата се надева дека ќе го пронајде.

Сподели на Facebook
пати видено