Огромна количина на канабис вредна над 90.000 евра е запленета од страна на полицијата во Западен Јоркшир откако забележале куќа која немала снег на покривот. Полицијата влегла во домот затоа што почувствувале мирис од канабис, но и немало снег на покривот што значи дека има големо присуство на топлина внатре во имотот.
По влегувањето во куќата, полицијата открила околу 322 растенија во сите четири спални на имотот и во подрумот. Топлината од светилките што помагала да растат растенијата го топеле мразот и снегот од покривот.
Вики Вотсон (44), која живее веднаш до фармата на канабис, изјавила: „Двајца мажи од Источна Европа, во нивните 30-ти години, се преселија пред околу 18 месеци.“
„Кога е студено во мојата куќа е ледено бидејќи изолацијата е заникаде, но откако тие се преселија во соседната куќа мојата бања е апсолутно црвена. Ѕидот беше топол на допир. Тоа беше сомнително, но и може да се слушнат вентилатори, но не и нормални гласови на луѓе кои живеат таму. Тие беа двајца мажи без деца. ние помисливме дека се хомосексуалци.“, додава таа.
Во моментот кога полицијата влегла во домот немало никој, па затоа никој не е уапсен и не се знае кои се всушност одгледувачите на канабис.