Полицаец оди кај началникот, чука на вратата, влегува и вели:
– Г-дин Началник, ве молиме да ме преместите да патролирам во друг регион!
Началникот го прашува:
– Во кој регион моментално патролираш?
– Па, јас, г-дин началник патролирам околу Филозофски факултет.
– И зошто сакаш да те преместам? – прашува го началникот.
– Па студентите кога излегуваат ми поставуваат чудни двосмислени прашања…
– Какви прашања ти поставуваат?
– Па, ме прашуваат дали Земјата се врти околу Сонцето или Сонцето се врти околу Земјата?
– А ти што им одговараш? – прашува началникот.
– Ааа, господине началник, не сум јас од вчера. И јас им одговарам двосмислено! – вели полицаецот.
– Како така двосмислено, што им велиш?
– Па, велам им „АЈ ОДИ Е*И СИ ЈА МАЈКАТА!“