Полицаец запира мафијаш и го прашува:
– Имате ли оружје?
– Да, митралез, две пушки и гранати. Немам дозвола…
Полицаецот е во шок.
– А дрога?
– Да. 2 кг хероин за продавање, хашиш за пријателите и трева за мене.
Полицаецот пак прашува:
– А во багажникот што има?
– Во багажникот има труп на полицаец. Има и слободно место.
– Во ред господине, возете внимателно.