Мажена наставничка од американската држава Ајова признала дека била во сексуална врска со еден од нејзините ученици откако била фатена со тинејџерот на задното седиште на својот автомобил. 27-годишната Аманда Драјер им кажала на властите дека таа и нејзиниот ученик имале сексуален однос најмалку 4 пати.
И таа и ученикот признале, но тврделе дека меѓу нив немало ништо додека таа му предавала. Драјер се омажила во 2013 и таа и нејзиниот сопруг Алекс предаваат во средно училиште. Со својот ученик-љубовник за првпат се запознала во 2015 година и започнале да се среќаваат надвор од училиштето во паркови и паркиралишта.
На 1 јули бил издаден налог за нејзино апсење и четири дена подоцна платила 5000 долари кауција. Првото судско рочиште е закажано за следната недела.