Полицаец херој повторно се сретнал со девојчето кое го спасил до смртоносен пожар во стан, пред повеќе од дваесет години. Во 1988 година, Џезибел Апонте имала само пет години кога во нејзиниот дом во Конектикат избувнал пожар, кој го одзел животот на нејзиниот вујко и за малку ќе ја убиел и неа, ако не бил нејзиниот спасител Питер Гец. Драматичното спасување било овековечено со моќна новинска фотографија која го прикажува сега пензионираниот полицаец сиот покриен со пепел, и со онесвестеното девојче во нејзините раце. Сега Апонте е повторно заедно со својот спасител, без кој таа денес не би била тука.

pg01

„За малку ќе умрев, но животот ми даде втора шанса“, вели таа. „И тоа е поради Питер и сите од властите, секој кој притрча напомош тој ден.“ Во вторник таа го поканила Гец да присуствува на нејзината матура на Државниот универзитет на источен Конектикат.

„Има само неколку мигови кои се толку значајни во животот“, вели Апонте. „Сакав да го споделам моето дипломирање со сите кои ми значат нешто, кои ми се нашле и кои ми помогнале во тешки времиња.“

pg02 pg03

На тој кобен ден, на 25 јуни 1998 година, Гец вели дека примил повик за пожар во станот на Апонте во Вашингтон Стрит. Пристигнал на местото токму на време да види како пожарникар изнесува мало девојче од зградата во пламен. Пред да може да реагира, девојчето му било ставено в раце, а пожарникарите се стрчале назад да се борат со огнените јазици. Забележувајќи дека девојчето не дишело и немало пулс, Гец се стрчал кон патролната кола каде што почнал да ѝ врши реанимација. Во текот на целиот пат кон болница тој се обидувал да ја поврати во живот, и додека да запрат, девојчето почнало повторно да дише нормално. За жал, вујкото на Апонте ја немал таа среќа и подоцна им подлегнал на повредите. Во тоа време нејзината мајка се наоѓала на работа.

pg05 pg06

Апонте денес помни многу малку од страдањата, со исклучок на густиот дим и тоа дека неуспешно се обидувала да го разбуди нејзиниот вујко Џефри. Но, за Гец тоа е искуство кое засекогаш ќе остане со него.

„Тоа е едно од оние нешта што ќе ви го допрат срцето и ќе останат со вас“, вели тој. „Тоа е ситуација која би можеле да ја исконтролираме, на која би можеле да ѝ го предвидиме исходот. Пожарникарите си ја вршеа својата работа, јас си ја вршев мојата работа, а болничарите си ја вршеа нивната работа. Како резултат на тоа, ете денес сѐ уште ја имаме оваа убава млада жена на лицето на Земјата.“

pg10

Сега иследник за Етна, Гец ја чува иконската фотографијата со спасувањето на своето биро, и се интересирал за Апонте и нејзиното семејство и откако тие се преселиле во Вернон. Но вели дека не бил сигурен дали да ја побара. Пред две години Апонте ја донела таа одлука место него, откако успеала да го најде поранешниот детектив на Фејсбук. Сега на свои дваесет и три години, таа посакала да се сретне со човекот кој ѝ го спасил животот.

„Малку луѓе можат или ќе сакаат да се стават себеси во опасност за да спасат некој друг. Јас сум жива поради Питер и сите полицајци и пожарникари тој ден.“ Откако стапиле во контакт, тие се среќаваат често за да разговараат за нивните животи, како и ноќта која за првпат ги ставила заедно.

„Можноста да го видам исходот, да видам колку успешна била, прави срцето да ми чука забрзано“, вели тој.

Сподели на Facebook
пати видено