Испратиле едно прасе и еден полицаец на мисија во Вселената во иста ракета. Поминала една недела и од Земјата добиле наредби за двајцата „астронаути“ во два плика.
Требало задолжително прво полицаецот да му ги прочита инструкциите на прасето, а потоа своите.
Почнал полицаецот да чита тој…
1. Прасето да земе одреден број примероци,
2. Да направи лабораториски испитувања… итн околу 30 точки… ги прочитал инструкциите полицаецот и си помислил:
– Лелееее, прасето го скинаа од задачи, којзнае какви ли задачи имам сега јас?
Рацете му се треселе додека го отворал својот плик и гледа само една точка:
– Нахрани го прасето и ништо не допирај!