Пензиониран полициски наредник употребил чекан за да спаси бебе кое било заклучено во вжештен автомобил пред трговски центар во Њу Џерси, САД. Претставниците на властите велат дека 53-годишниот Стив Екел од Џексон и 30-годишната Сара Мазоне во вторникот виделе четиримесечно бебе како плаче и се поти само во возило кое било заклучено и со затворени прозорци. „Температурите беа високи тој ден, и можете да си замислите што можеше да се случи“, изјавил Екел.

Екел го разбил прозрецот на предното седиште употребувајќи чекан од својот багажник, а Мазоне го однела детето во поладна просторија. Мајката на детето пристапила до возилото во паника и полицијата утврдила дека детето било оставено само подолго од 40 минути.

Полицијата ја обвинила 33-годишната Карен Груен од Лејквуд за доведување дете во опасност. „Верувам во ангели чувари, и мислам дека јас сум таков ангел за ова дете“, изјавил Екел. „Мајката треба да го признае делото, ќе ја пуштат условно, но треба да сфати дека тоа не се прави така“, вели пензионираниот полицаец.

pl01 pl02 pl03 pl04 pl05 pl06

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено