Полицијата покрена истрага родителите на детето кое неодамна падна во кафезот на горилата Харамбе во Синсинати, САД, по што чуварите мораа да го усмртат животното поради загриженост дека би можел да го повреди детето. Од обвинителската служба на областа Хамилтон, Охајо велат дека ќе го разгледаат случајот за да видат дали можат да се покренат обвиненија против Мајкл Грег и Деон Дикенсон.
Нивниот син Исаја успеа да исползи под оградата на кафезот, по што паднал во каналот со вода. Харамбе го грабнал детето и го влечкал низ водата, по што чуварите биле приморани да го убијат. Јавноста на тоа реагираше со жестока осуда и беше покрената кампања со предлог родителите да се гонат кривично. Од полицијата велат дека ќе ги разгледаат постапките на мајката и таткото, како и на чуварите, за да проценат дали имало некои несоодветни дејства и дали некој би требало да сноси кривична одговорност.
Горилите се интелегентни животни и често се однесуваат заштитнички кон малите деца. Беше спомнат сличен случај од пред триесет години кога дете паднало во кафез на горили, при што еден од мајмуните го заштитувал од останатите мајмуни во кафезот. Некои дури сметаат дека и Харамбе се однесувал заштитнички кон детето. Сепак, не треба да се заборава дека се работи за животно чијашто реакција не може да се предвиди, и доколку му се случеше нешто на детето, веројатно истите кои ја критикуваат постапката на чуварите од зоолошката градина во Синсинати, ќе беа уште погласни критикувајќи ја неодговорноста на лицата од зоолошката градина.