Личат на некакви камења, но се работи за една интересна традиција од земјата на изгрејсонцето.

Всушност, ова се јајца кои се сварени во вулкан. Според јапонските верувања, ако изедете едно вакво јајце, тоа ќе ви го продолжи животот за 7 години.

Како ги варат? Свежите јајца ги носат во близина на активниот вулкан во долината Овакудани во која има мали барички со врела вода богата со сулфур. Јајцата се варат во тие барички, а бидејќи се работи за сулфур, можете да претпоставите колку смрдат.

Сподели на Facebook
пати видено