Италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, познат под прекарот „Ил Дуче“ бил човекот кој ја вовлекол Италија во Втората светска војна на страната на Оската. Мусолини во историјата останал запомнет како лакеј на Хитлер, и во текот на тие години ја загубил љубовта и довербата на својот народ. Кон крајот на неговото владеење, овој некогаш почитуван и сакан лидер се свртел кон тоа да гради бункери на своите имоти во рим, со цел да се обезбеди себеси и своето семејство. Сега, заедно со другите големи историски споменици во Рим, можете да го разгледате и првиот бункер на Бенито Мусолини.

Бункерот е скриен под главната резиденција на Бенито Мусолини – раскошната неокласична Вила Торлониа.

mu01

Мусолини и неговото семејство живееле во Вила Торлониа од 1929 до 1943, во текот на поголемиот дел од неговото политичко владеење. Таа била гордост за италијанската влада под Мусолини и вклучувала неколку апсурдни простории како оваа, неговото лично казино.

mu02

Во 1940, откако Мусолини се наредил до Хитлер, „Ил Дуче“ почнал подземните простории да ги преуредува во обложени со бетон и силно обезбедувани бункери.

mu03

Овој бункер бил направен во поранешна винска визба во вилата.

mu04

Поранешната винска визба била преуредена да има три тајни излези за бегство.

mu05

Секој влез бил опремен со двојни челични врати, отпорни на гас.

mu06

Бил инсталиран современ филтрациски систем со помош на кој би се справил со евентуалните гасни наади. Во тоа време ова било врвна технологија. Просторијата била снабдена со кислород за петнаесет луѓе со помош на кој можеле да издржат три до шест часа.

mu07

Плашејќи се дека премногу луѓе знаеле за неговиот прв бункер, во текот на следните три години, неговите последни години всушност, Мусолини изградил уште најмалку два бункери на имотот Вила Торлониа.

mu08

Со оглед на тоа дека изградил монументални фасади за излезите на неговиот прв бункер, неговите сомнежи дека луѓето дознале за него веројатно биле сосема валидни.

mu09

За среќа на Мусолини, подземјето под Вила Торлониа исто така било испресечено со подземни етрурски гробници. Мусолини не се двоумел многу да раскопа древни светилишта и да уништува археолошки богатства за да создаде дополнителни гнезда за безбедноста на неговото семејство.

mu10

За жал, на Мусолини и на некои членови од неговото семејство не им останало многу време. Во 1943 г. Мусолини бил уапсен кога Италија ја сменила страната во војната. Германците го спасиле од затвор во Италија и успеале да го чуваат скриен во текот на следните две години. Но во 1945 бил фатен и погубен од негов сонародник во Џулино, Италија. Никогаш немал прилика да се крие во неговите бункери во Рим.

mu11

Сподели на Facebook
пати видено