Шеесет и петгодишниот Ралф Мекрори од Спринг Хил, Флорида, доживеал срцев удар додека го косел својот тревник. „Одеднаш дојде и извика – мислам дека добив срцеб удар“, раскажува неговата сопруга Дороти. Пожарникарската екипа од Хернандо Каунти била повикана на помош, и Мекрори бил спасен. Но, пожарникарите не застанале само на тоа, туку и го довршиле косеето на неговиот тревник.
„Нашите луѓе често помагаат на граќаните, било при замена на автомобилска гума или нешто друго“, вели Кевин Керол, главен асистент при Пожарникарската станица на Хернандо Каунти. „Тоа не е ништо невообичаено за нас, но оддајте му признание на господинот кој одвоил време и труд да ги слика овие момци и на тој начин да им оддаде признание.“