Патрик Шмит бил невработен и живеел во КАлифорнија кога еден стар училишен автобус од 1990-те му го променил животот. Шмит го купил автобусот во март за 4500 долари и потоа потрошил три месеци и 9000 долари за заедно со својот татко да го преуреди во… куќа на тркала, по што заминал на патување од 16000 километри низ Флорида.
„Моите планови се да останам во Флорида до март, а потоа полека ќе тргнам назад кон Вегас, и пак некое време ќе живеам во Сиетл“, вели Шмит. „Ќе најдам некое земјиште да се паркирам. Така си го замислувам својот живот. Да возам наоколу, да најдам привремена работа и да видам каде ќе тргнам понатаму.“