Сега ми е јасно зошто велат дека одморот во Тајланд никогаш не се заборава :). Туристот се запознал со две атрактивни девојки во Патаја, влегле во барот и тој ги честел пијалоци што сами си ги бирале од менито. На крај шампионот заспал, а кога чуварот го разбудил во 4 часот наутро, во рацете ја имал оваа сметка.
Сметката е во тајландски бати а во наши пари би дошло некаде околу 180.000 денари. Шампионот морал да плати, а за негова среќа имал доволно пари на крединтата картичка. Судејќи според должината на сметката, изгледа дека цела вечер, цела дискотека пиела на негова сметка. И оваа слика на неговите „ноќни пријателки“ се нашла во неговиот телефон следното утро.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!