Dollar Street е уникатен проект кој покажува како луѓето навистина живеат низ целиот свет. Во рамките на проектот биле направени 30.000 фотографии од 264 семејства од 50 земји. Некои луѓе преживуваат со 1.400 денари месечно, некои заработуваат повеќе од 500.000 денари месечно.
Семејство Бутоја, Бурунди
Приход – 1400 денари месечно
41-годишна самохрана мајка Имелда е земјоделец. Во нејзината двособна куќа нема вода и електрична енергија. 80% од приходот го троши на храна. Семејството сонува за нормален дом.
Тука живеат сега
Вака изгледа еден оброк
Спалната
Пешачат 40 минути до извор со чиста вода
Омилени играчки им се учебници
Семејството Геготера, Филипини
Приход – 10.000 денари месечно
40-годишниот Лев е дрвосечач и земјоделец. Во оваа куќа живее од раѓање. Жената на Лев, 36-годишната Марија, не работи. Тие имаат 3 синови. 50% од приходот се троши на храна. Сега Лев и Марија собираат пари за изградба на нов покрив, тие сонуваат за нова голема куќа.
Нивниот дом
Дневна
Кујна
Омилен предмет
Вака изгледа домот за кој семејството сонува
Семејството Кирина, Русија
Приход – 30.000 денари месечно
60-годишниот пензионер Василиј и 57-годишната Олга, социјален педагог, живеат заедно со 17-годишната ќерка-ученик Варвара. Во нивниот стан има 2 спални. 70% од приходот семејството го троши на храна. Тие планираат да купат LCD телевизор, сонуваат за нов стан.
Стан
Спална
Работна маса
Кујна
Милениче
Семејство Хилгесјилер, Бразил
Приход – 50.000 денари месечно
28-годишниот Витор работи како механичар, 37-годишната Шилина се занимава со продажба. Двојката има 4-годишна ќерка Елена. Семејството живее во куќа со 3 спални. Тие трошат 40% од својот приход на храна, сонуваат да купат автомобил.
Дом
Дневна
Кујна
Спална
Омилени играчки
Семејството Мулфур, Франција
Приход – 150.000 денари месечно
42-годишниот техничар Симо и 39-годишната Каролин, архитект, имаат 2 деца. Семејството живее во својата куќа со 4 спални. Месечно Симо и Каролин плаќаат кредит од 30.000 денари, а за храна трошат 30% од приходот, можат да си дозволат одмор (најмногу на семејството му се допаднало Мароко) и не штедат пари.
Дом
Дневна
Кујна
Детска
Мачка
Семејство Вастибакин, Шведска
Приход – 260.000 денари месечно
35-годишниот Џонас и неговата 38-годишна жена Тува се менаџери. Двојката има 2 сина. Тие живеат во сопствена куќа со 4 спални, трошат 30% од својот приход на храна. Јонас и Тува сакаат да патуваат, штедат пари за нов автомобил. Највредното нешто во куќата се смета семеен фото албум.
Дом
Спална
Кујна
Детска
Библиотека
Семејството Би, Кина
Приход – 537.000 денари месечно
Сите возрасни членови на семејството (57-годишниот Би Хуа, неговата сопруга Јуј Хјун и внуката Мејн со нејзиниот сопруг) се занимаваат со семеен бизнис. Тие живеат во стан со 3 спални. На храна трошат 30% од приходот.
Стан
Дневна
Оброк
Една од спалните
Омилен предмет е гитара