Со само 18 години, Тејлор Тримбл, студентка и стилистка од Тексас ја совладала уметноста на шминкањето до совршеност. Но, овојпат талентираната стилистка ги свртела своите очи и четкички за шминкање кон нејзината прабаба Дорис, правејќи ја толку гламурозна што не можеле да ја препознаат.

bb01 bb02

“Мојата глам-баба, 97 години и сѐ уште жешка”, пишува осумнаесетгодишната девојка како коментар на четирите фотографии кои ги качила на Твитер.

Фотографиите набргу го обиколиле интернетот, собирајќи повеќе од 8000 лајкови и 2500 твитнувања откако ги постирала. Според г-ца Тримбл, таа ја посетила својата прабаба во старечкиот дом за Денот на мајката, кога решила да ја почести среќната дама со еден стајлинг.

bb03 bb05

“Ѝ се допадна, но трепките ги извади најбрзо што можеше”, се смее таа.

Внимателно нанесувајќи свилеста Л`Ореал основа, сенка за очи со бакарна боја, црвило, трепки и бронзер, Дорис полека била трансформирана во жена која изгледа децении помлада од нејзината вистинска возраст.

bb06 bb07 bb04

“Таа со години нема носено шминка”, вели Тримбл, која на својата баба не ѝ кажува за нејзината нова популарност, бидејќи не знае како ќе реагира.

Сподели на Facebook
пати видено