Во време кога 3D печатачот е веќе во широка употреба, лесно е да се заборави среќата и убавината која ја носи рачната изработка. Земете ја на пример 400-годишната јапонска уметност на изработување на кукли кокеши. Се вели дека овие традиционални дрвени фигурини биле изработувани како сувенири кои ги продавале на посетителите на топлите извори во северна Јапонија. Иако ги има во десеттина различни стилови, сите се карактеризират со голема глава и цилиндрично тело, без раце и нозе.

Во овој видео клип, произведен од tetotetote, организација која ги промовира уметностите и занаетите во Сендаи, Јапонија, Јасуо Оказаки со помош на само неколку алатки од парчиња дрво ги обликува овие алатки. Стилот на изработка на Оказаки е „Наруко“, предаден му е од неговиот татко и се карактеризира со ленти на врвот и дното од телото и црвени украси на главата. Навистина смирувачко и хипнотизирачко е да гледате и слушате како од обично парче дрво на дрводелско колце се појавува вистинска уметност.

doll-1

doll-2

Сподели на Facebook
пати видено