Кога нешто, станува некој? Со првото чукање на срцето? Со првиот бран на мозокот? Холандскиот режисер Јан ван Ијкен неодамна создаде краток филм кој може да ви помогне во потрагата по одговорот на ова тешко прашање.
„Станува“ е краток филм за чудесната генеза на животинскиот живот. Со одлични микроскопски детали, го гледаме настанувањето на саламандерот, од оплодувањето до изведувањето. Ембрионот на саламандар (Ichthyosaura Alpestris) беше следен многу блиску во комбинација на временски убрзани рамки, со што 3 недели биле сведени на само 6 минути.