Нема телефонска апликација за среќа, вели папата Франциск. За време на неделната беседа на плоштадот Св. Петар, неговата светост им кажал на тинејџерите дека најдобрите мигови во животот не се доживуваат преку типкање по телефонот. Папата вели дека неговата порака била обид да се поврзе со тинејџерите во толпата народ која се слеала во Рим за специјалниот викенд а католичката црква.

pp

„Среќата нема цена“, кажал папата пред огромната маса од 100 000 души. „Среќата не е апликација која можете да ја превземете на вашите телефони ниту пак последниот апдејт ќе ви донесе слобода и возвишеност во љубовта“, додава тој.

Ден порано тој кажал дека да се изгуби допир до Бог е како да се има мобилен телефон со слаба врска. Кога завршила мисата, многумина се насобрале околу папата Франциск, за да направат селфи со него.

Сподели на Facebook
пати видено