„Музео Атлантико“, првиот европски современ подводен уметнички музеј ги постави првите скулптури од меѓународно реномираниот скулптор Џејсон деКариес Тејлор. Ситуиран во бистрите сини води крај брегот Ланзароте на Канарскиот остров, Шпанија, Музео Атлантико е уникатен музеј кој прикажува серија скулптурни инсталации конструирани 12 метри под површината на океанот. Достапен на нуркачи и набљудувачи преку чамците со стаклени дна, музејот ќе биде завршен во декември 2016 година и ќе се состои од десет подводни галерии.

Проектот црпи инспирација од дијалогот помеѓу уметноста и природата и е дизајниран така што да прави голем вештачки гребен со цел да го поттикне размножувањето на локалните видови рибо и со тоа да се зголеми морската биомаса. Надоврзувајќи се на уникатниот статус на Ланзароте како Светски биосферен резерват на УНЕСКО, делата ќе вклучуваат големи архитектонски инсталации и подводна ботаничка скулптурна градина со најразновидни локални видови на морски живот во Ланзароте.

Музејот е изграден со еколошки материјали со неутрална рН вредност, како специјално развиен морски цемент и структури од нерѓосувачки челик. Ова ќе биде првиот подводен музеј во Европа и е дизајниран да трае илјадници години. За посетителите ќе биде отворен на крајот на овој месец, а низ текот на година, новите галерии ќе бидат дополнително додавани како што ќе бидат завршувани.

mt01 mt02 mt03 mt04 mt05 mt06 mt07 mt08 mt09 mt10 mt11 mt12 mt13 mt14 mt15 mt16

Сподели на Facebook
пати видено