Во канцеларијата на началникот на сообраќајната полиција влетува млад полицаец:
– Господине началниче! Ми се роди син!
– Браво! Честито!
– Господине началниче! Но, тоа е мое прво дете!
– Е добро, оди кај благајникот и кажи му да ти даде 100 евра.
– Господине началниче! Тоа е син – идно засилување на сообраќајната полиција!
– Е ајде, нека ти даде 200 евра.
– Господине началниче!
– Ех, младост, младост! Ајде нека оди од мене. Еве ти го клучот од сефот, земи си еден знак „забрането запирање“ и постави си го каде ти одговара!