Смртта на 180-килограми тешкиот горила Харамбе кој беше застрелан од страна на вработени во Зоолошката градина на Синсинати, САД, само еден ден после неговиот седумнаесетти роденден, покрена изблик на чувства, при што некои луѓе за случајот велат дека е „бесмислена смрт“. Многумина вината ја фрлаат врз родителите на четиригодишното дете, за кое иследниците сметаат дека тој исползел под оградата и паднал во каналот со вода во живеалиштето на мајмунот, по што тој горилата десет минути го влечкал по водата.

hr01

Тогаш тим од зоолошката градина морал да реагира поради ситуацијата опасна по живот на малечкиот и го застрелале, но сега илјадници луѓе на социјалните медиуми тоа го нарекуваат „убиство“. Директорот на зоолошката Тејн Мејнард го поддржал својот тим во одлуката да го убијат животното.

„Тие донесоа тешка одлука и го направија вистинскиот избор бидејќи го спасија животот на малото момче“, изјавил тој. Но, гневните љубители на животни реагираат велејќи дека животот на животното бил непотребно одземен, била отворена Фејсбук група „Правда за Харамбе“, во која веќе се зачлениле над 1000 членови. Додека некои ги бранат родителите, други пишуваат:

hr02

„Значи, прекрасен, невин горила мора да умре поради тоа што немарни родите не можат да си ги контролираат децата? Човештвото е за никаде.“

hr03

Некои сметаат дека Харамбе го спасил и го бранел детето, но на видео снимката се гледа како го влечка наоколу. „Зборувате за животно кое е тешко преку 120 килограми и е ужасно силно. Не, детето не беше нападнато, но сѐ може да се случи во такв ситуација. Со сигурност беше во опасност“, вели Мејнард, истакнувајќи дека не можеле да го успијат, бидејќи успивните средства не би реагирале веднаш, со што детето би се нашло во поголема опасност.

Сподели на Facebook
пати видено