Хероина од Втората светска војна која го искористила својот безопасен изглед за да ја стекне довербата на нацистите пред да ги убие, почина во Холандија, на 92-годишна возраст. Фреди Оверстиген е родена во Харлем, во близина на Амстердам на 6 септември 1925 година и била израсната од нејзината мајка, комунистка.
Таа имала само 14 години кога се приклучила на холандскиот отпор. Заедно со нејзината постара сестра Трус и нејзината пријателка Хани Шафт, таа разнесувала мостови и железнички пруги со динамит, шверцувала еврејски деца од концентрациони логори и егзекутирала што е можно повеќе нацисти, користејќи огнено оружје скриено во кошницата на нејзиниот велосипед.
Триото имало рутина: Првин им пристапувале на Нацистите во барови, ги заведувале и ги прашувале дали сакаат да се прошетаат со нив во шумата, каде што самата Фреди изјавила дека ги „ликвидирале“.
Во едно интервју Фреди изјавила: „Моравме да го сториме тоа. Тоа беше неопходно зло, убивајќи ги оние кои ги предадоа добрите луѓе.“ Кога ја прашале колку луѓе убила или помогнала да бидат убиени, Фреди им кажала: „Не треба да се поставува такво прашање на војник.“
И двете сестри Оверстиген ја преживеале војната. Трус нашла работа како уметник, и била инспирирана да напише мемоари и врз основа на нејзините искуства во отпорот. Таа почина во 2016 година.
Фреди почина на 5 септември – еден ден пред нејзиниот 93-ти роденден и зад себе остави три деца и четири внуци. Таа беше последна преживеана членка на најпознатиот женски отпор на Холандија, кој ги посвети своите животи на борбата против нацистичките окупатори и холандските предавници.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.