Точно на католичкиот Божиќ, почина еден од најголемите пејачи на денешницата. Полицијата изјави дека смртта на Џорџ Мајкл била неочекувана, но не е под сомнителни околности.
„Со голема тага потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ почина мирно во домот во текот на Божиќ“, се вели во соопштението од семејството на Мајкл.