Излегоа резултатите за овогодинешниот фото-натпревар на National Geographic Traveler, и фотографиите се навистина исклучителни. Биле избрани од повеќе 17.000 учесници од целиот свет во категориите Патнички портрети, Надворешни сцени, Чувство за место и спонтани моменти.

Ануар Патјане Флориук ја освоил првата награда за неговата подводна снимка на нуркачи кои пливаат блиску до кит, во близина на Рока Партида, остров крај западниот брег на Мексико. Првата награда е осумдневна фото-експедиција со Нејшенел Џиографик во Костарика и Панамскиот канал за двајца.

„Фотографијата не беше планирана“, вели Флориук, кој е од Техуакан, Пуебла, Мексико. „Сликав во близина на главата на китот женка, и одеднаш таа почна да плива кон остатокот од нуркачкиот тим. Нуркачите направија простор за неа и нејзиното младенче и јас едноставно го чрапнав моментот кога композицијата ми се чинеше добра.“

Натпреварот веќе се одржува дваесет и седум години, и во него можат да учествуваат професионалци, како и фотографи-аматери.

Добитник на првата награда: Укротители на китови

ft01

Нуркајќи со грбава женка кит и нејзиното новородено младенче крај Рока Партида, Ревилаггигедо, Мексико

Второ место: Копачи на чакал

ft02

Местото кадешто се дроби чакалот е полно со прав и песок. Овие тројца работници гледаат низ прозорот на нивната работилница во Читагонг, Бангладеш.

Трето место: Камилски Ардах

ft03

Камилски Ардах, како што се нарекува во Оман, е еден од традиционалните стилови на трки помеѓу две камили. Камилите мора да се движат со иста брзина, и побрзата се смета за губитник. Главната цел на Ардах е да се покаже убавината и силата на арапските камили, како и вештината на јавачите.

Почесни награди:

Ноќ во Деадвлеи

ft04

Фаќање патка

ft05

Романија, земја на бајките

ft06

Планинци

ft07

Бели носорози

ft08

Кушти, индијско борење

ft09

Сауна во небото

ft10

Сподели на Facebook
пати видено