Оваа фотографија која ќе ги стопи и најстудените срца, прикажува момент на нежност помеѓу бебе горила и еден од нејзините спасувачи, кои го спасиле животното од колење. Фотографијата победи на натпреварот „Фотографии од дивиот свет“ и успеа да засени речиси 50.000 фотографии, за да ја добие оваа престижна награда.

Фотографијата на канадскиот фотограф Џо-Ана Мекартур, насловена „Пикин и Аполинар“, излезе како фаворит на натпреварот. Фотографијата на Џо-Ана била избрана од кратка листа од 24, избрани од Природонаучниот музеј од речиси 50.000 пријави поднесени за натпреварот од 2017 година.

На фотографијата е прикажан Пиник, низински горила, во прегратките на Аполинар Ндохоудоу, кој штотуку го спасил од тоа да биде продаден за неговото месо. Аполинар работи за Ape Action Африка. Тој го спасил Пикин од од заробеништво и го однел во рамките на безбедното шумско засолниште во Камерун, заедно со други горила. Пиник бил под седативи, но се разбудил и останал мирно да се вози во прегратките на неговиот спасител.

Џо-Ана вели: „Јас сум толку благодарна што оваа фотографија резонира со луѓето и се надевам дека тоа може да не инспирира сите нас да се грижиме малку повеќе за животните. Ниту еден чин на сочувство кон нив не е премногу мал. Редовно ги документирам суровите работи кои животните ги трпат од нашите раце, но понекогаш сведочам за приказните за спас, надеж. Таков е случајот со приказната за Пикин и Аполинар, прекрасен момент меѓу пријателите.“

Еден од четворицата финалисти бил и Реј Чин, од Тајван. Неговата фотографија прикажува два грбави китови околу островот Вава’у, Тонга.

Втората од четирите финални фотографии ја направил Лучијано Кандисани од Бразил. Лучијано морал да се искачи на дрвото cecropia, во заштитената Атлантска дождовна шума во јужниот дел на Бахиа, Бразил, за да го сними мрзливецот.

Уште една фотографија на финалистите „Топла прегратка“ направена од Дебра Гарсиде од Канада. Таа ја отсликува поларната мечка, мајка која ги гушка нејзините мечиња што излегуваат од нивните дувла во рана пролет.

Последната фотографија од финалистите била направена од Лакшита Карунарна од Шри Ланка. Таа била созадена кога Лакшита била на сафари воо Маса Мара Национален резерват, Кенија. Таа забележала птица Coracias caudatus како „јава“ зебра.

Еве уште фотографии од натпреварот кои го заслужуваат нашето внимание:

 

Сподели на Facebook
пати видено