Кога на Картер Џентл при раѓањето му била дијагностицирана тешка вродена срцева мана, тој не можел да знае низ какви сѐ маки ќе помине. Сега, кога има седум години, ефектите на постојаните операции на кои бил подложен веќе почнуваат да се одразуваат врз него. Пред неколку недели Картер бил подложен на својата дванаесетта операција на срцето. Кога одел под ножот, тој бил релативно добро расположен, но кога се разбудил, бил поразен од тоа колку неговото тело станало избраздено од лузни.
Кога по операцијата Картер ги извадил завоите, плачел четириесет и пет минути поради лузните кои ги видел. Бил загрижен дека луѓето ќе сметаат дека е грд и дека веќе никогаш нема да изгледа нормално.
Кога неговиот татко слушнал за неговите грижи, длабоко се вознемирил. „Му кажавме дека неговите лузни се прекрасни и дека изгледа како суперхерој.“
Потоа неговиот татко поставил страна на Фејсбук посветена на Картер и неговите лузни. Постирал негова слика надевајќи се дека неговите пријатели ќе ја „лајкуваат“ за да го разведрат Картер, но набргу фотографијата станала вирална, надминувајќи милион видувања.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.