Човекот на сликата се вика Бред Арчибалд, човек кој имал сили и волја да преживее, откако останал повеќе од 26 часа во водите на Индискиот океан. Единствената добра околност за него била тоа што водата во океанот била достаточно топла за да не измрзне. Сѐ друго било против него.

br01

Сѐ започнало откако се затрул со храна и се онесвестил додека повраќал на палубата на бродот со кој патувал во друштво на пријатели, при преминување на 100 километри широкиот проток Ментавал. По падот во водата се освестил и видел како бродот со неговите пријатели бргу се оддалечува.

br03

Оттука натаму започнува една тешка и постојана борба за преживување…Таа преминува од надеж дека по него ќе се вратат пријателите и ќе го спасат, до очај кога сфаќа дека тие не го забележале. Набргу потоа добива грчеви по целото тело. Од време на време му доаѓа да се предаде, но секогаш надвладува желбата да се спаси, пак да ги види блиските. Потоа паднал во состојба на бунило, од кое излегол кога почувствувал како галеби му го колваат лицето. Потоа го нападнала и ајкула која го загризала, но од непознати причини се откажала и го поштедила. Цело време настојувал да го занимава својот мозок со најразлични нешта за да го одврати вниманието од силната болка и неговата безнадежна положба во океанот.

br02

Започнал да халуцинира, и пред него се појавил ликот на Богородица која му забранила да се удави. Но, силите почнале да го издаваат, кога наеднаш забележал чамец кој го одминал без рибарите во него да го забележат. Точно кога Бред решил дека настапил мигот да се удави, пред очите му испливал крст кој почнал да се приближува кон него. Се покажало дека тоа е нос на чамец кој одел директно кон него. Замалку и овојпат ќе останел незабележан, но на крајот сепак го виделе и го извлекле од водата.

Ете, овој случај е уште еден пример за неограничените можности на човечките сили, само ако ја има потребната волја и решеност.

Сподели на Facebook
пати видено